Успешно заврши тродневниот состанок на работната група, вклучена во процесот на изработка на Акциски план за периодот 2023 – 2025, за реализација на Националта Стратегија за млади 2023 – 2027 година. Состанокот се одржа во град Струмица, од 24-ти до 26-ти јули, 2023 година.
Младите, институциите и здруженијата од Регистарот на Агенцијата за млади и спорт, како и учесниците во работните групи од процесот на изработка на националната стратегија, се активно вклучени во процесот, кој ќе допринесе за ефикасната имплементација на осумте клучни области во стратегијата:
✅ Младинско учество
✅ Младинско информирање
✅ Младинска работа
✅ Образование
✅ Култура
✅ Здравје
✅ Претприемништво и поддршка пред вработување
✅ Безбедност (против насилство).
Целта на овој акциски план, кој е дел од Националната стратегија за млади 2023 – 2027, е да дефинира приоритетни мерки и активности кои ќе се спроведат во периодот од 2023 до 2025 година. Овие мерки и активности ќе бидат насочени кон справување со предизвиците и проблемите со кои се соочуваат младите луѓе во Република Северна Македонија.
Улогата на акциски план 2023 – 2025 е да се создаде подобра и инклузивна околина за младите во државата, каде што тие ќе можат да развиваат своите потенцијали и таленти, да имаат достапно образование и можности за напредок во своите кариери, како и да им се обезбедат услови за безбеден и квалитетен живот, без притисоци и насилство. Спроведувањето на овој акциски план ќе биде од суштинско значење за поддршка на младите.
Следниот чекор е успешната имплементација на дефинираните активности и мерки, и ние сме подготвени да работиме заедно за остварување на засетите цели за подобра перспектива за младите во Република Северна Македонија.
Процесот на креирање на Акциски план за периодот 2023 – 2025, за реализација на “Националната стратегија за млади 2023 – 2027”, е организиран од Агенцијата за млади и спорт, со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Мисијата на ОБСЕ во Ско пје и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА). Оваа активност се спроведува во рамки на проектот “Млади за инклузија, еднаквост и доверба”, кој е финансиран од страна на United Nations Peacebuilding.
Извор: Агенција за млади и спорт