spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: На 10 август во Волково ќе бидат одбележани 22 години...

Ѓорче Петров: На 10 август во Волково ќе бидат одбележани 22 години од загинувањето на бранителите

Oпштина Ѓорче Петров во соработка со Армијата и Генералштабот на Република Македонија на 10 август ќе одбележи 22 години од загинувањето на осумте пожртвувани бранители Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот армиски состав.

Централното одбележување ќе почне во 8 часот и 30 минути кај спомен одбележјето во Волково. Претходно, високи делегации ќе положат цвеќе и на спомен-чешмата во спомен на Томислав Настевски Бумбар во Ѓорче Петров.

Делегација од Општина Ѓорче Петров предводена од градоначалникот Александар Стојкоски ќе го посети и споменикот на сите бранители во реонскиот парк, како и останатите две локации.

Раде Јанковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Томислав Настевски загинаа кај Љуботенски бачила, а Ацо Ангеловски беше една од првите жртви на конфликтот кој загина во Арачиново.

Ги покуваме сите граѓани кои се во можност да присуствуваат кај споменикот во Волково и со тоа да искажат почит кон овие храбри македонски синови.

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...