Почетокот на училишната година се очекува со нетрпение. Градоначалникот Дарко Костовски се залага сите ученици да учат во модерни и средени училишта, со квалитетни услови за следење на наставата.
Во летниот период се реконструираа и уредуваа општинските основни училишта. Во ООУ “Петар Здравковски Пенко” се работи на нови училници, преадаптација на постоечкиот простор и се обезбедени нови клупи.
Во ООУ “Св. Климент Охридски” се работи на реконструкција на фасадата, којашто беше оштетена од невремето, како и на уредување на други делови од училиштето.
За сите првачиња е обезбедено и ранче со училишен прибор.
Грижата за учениците е секогаш приоритет на градоначалникот Дарко Костовски. Негова заложба е обезбедување на квалитетни услови за следење на наставата.