Нашата држава е дел од европскиот континент, но ние имаме друго минато и имаме други економски системи.
Тоа можеме да го смениме само со економското чудо наречено Европска унија, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на првата отворена трибина во рамки на кампањата „Ние сме Европа, на тема: „ЕУ за македонската економија”.
„ЕУ е економско чудо што не дозволува 10 или 20 луѓе да ја држат државата во заложништво. Ние како држава мора да работиме за младите, за нашите идни генерации да бидат успешни” кажа министерот и сподели пример.
Од осамостојувањето до сега можеме да наброиме 10-15 бизнисмени кои се најголеми во овсс држава. Затоа ние како држава треба да работиме младите нивната иднина да не ја гледаат во администрација, туку да работат да станат конкурентни на пазарот и да сакаат да работат во приватниот сектор. Да сакаат да им конкурираат на овие олигарси.
Нашите млади сакаат да одат да работат во странство затоа што таму можат да работат, да носат иновации и да им конкурираат на европските и светските мултимилионски компании. Затоа нашата иднина е Европската унија, тоа е иднината на нашите млади. Младите ја сакаат Европската унија, а ние сме тука тоа да им го исполниме.
Извор: Влада