По повод Меѓународниот ден на менталното здравје, градоначалникот Перо Костадинов заедно со Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани и наши ученици беа дел од иницијативата Walk & Talk која се реализираше во Валандово.
Многу деца и млади луѓе во светот и кај нас, како последица од брзите општествени промени, брзиот развој на дигиталните технологии, како и пандемијата со Ковид-19, имаат психолошки проблеми, страдаат сами и не барат помош, поради страв од јавна осуда.
„Затоа, чекориме, другаруваме и поттикнуваме на соочување со менталните проблеми со поддршка од целокупното општество. Ја подигаме свеста за менталното здравје и промовираме инклузивна култура која ги охрабрува луѓето да зборуваат и да побарат помош кога имаат потреба.“ – порача градоначалникот преку социјалните мрежи.
Извор: Општина Валандово