Општина Центар за учебната 2023/2024 година додели вкупно 122 стипендии на основците за врвни постигнувања во повеќе области, од кои 37 од областа на науката, техниката и посебни вештини, 40 за спорт, 37 за културно творештво и 8 за ученици од социјално загрозените семејства.
Стипендиите во висина од 2.500, 3.000 и 3.500 денари ќе бидат исплаќани на месечно ниво до крајот на учебната година.
Општина Центар секогаш вложувала и ќе вложува во образованието и во младите таленти, со цел да останат мотивирани во процесот на учење и стекнување нови знаења.
Општината им честита на стипендистите и им посакува уште многу успеси на државни и меѓународни натпревари.
Извор: Општина Центар