spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Второоодделенци од ООУ „Лазо Трповски“ со ликовни признанија од Њујорк

Карпош: Второоодделенци од ООУ „Лазо Трповски“ со ликовни признанија од Њујорк

По повод одбележување на 20. ноември – Светскиот ден на детето, дванаесет второоодделенци од ООУ „Лазо Трповски“ предводени од одделенската наставничка Ирена Грегориќ и предметниот наставник Стефан Симовски, со свои ликовни творби учествуваа на 26. Меѓународен ликовен натпревар „Пријатели на мирот 2023“ кој се одржа во Васек, Њујорк, САД.

 

 

Годинава со свои ликовни творби на овој меѓународен натпревар учествуваа 4.500 деца од 76 земји ширум светот. Темата на годинашниот ликовен натпревар кој традиционално се одржува во Њујорк беше „Единство“ а основците од „Лазо Трповски“учествуваат по  трет пат едноподруго на овој реномиран натпревар.

 

 

Целта на овој глобален проект кој изминативе 26 години се реализира под покровителство на УНИЦЕФ е поттикнување на свеста кај децата ширум светот на возраст од 5 до 16 години за креативно изразување.  Оваа меѓународна програма има за цел да ги охрабри децата преку креативни активности да бидат посветени кон промовирање на мирот и создавање иднина во која ќе владеат хармонија и меѓусебно разбирање.

 

 

Ликовните творби и на учесниците ООУ „Лазо Трповски“ според првичните (не)официјални информации ќе бидат изложени на светската изложба што е предвидена за следната година непосредно пред почетокот на Летните Олимписки игри во Париз, Франција.

 

 

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...