spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиУЈП: Во овој случај нема извршен поврат на ДДВ, Даночните обврзници имаат...

УЈП: Во овој случај нема извршен поврат на ДДВ, Даночните обврзници имаат даночен долг

Управата за јавни приходи ги демантира наводите и обидите за ширење на шпекулации од страна на ВМРО – ДПМНЕ.

Го покануваме Наум Стоилковски и му стоиме на располагање, преку нашата Даночна академија, да му дадеме бесплатна едукација за основните даночни поими и процеси. На прес конференцијата, Стоилковски изнесе паушални, невистинити искази дека е извршен поврат на ДДВ, без основни познавања на даночните поми и процеси. Во таа насока посочуваме и дека овие фирми не се во делот со нафтената афера.

Повторуваме, дека УЈП нема извршен поврат кај даночните обврзници за кои зборуваше портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Во врска со денешниот случај за кои зборуваа од ВМРО – ДПМНЕ, напоменуваме дека, даночниот обврзник имал аконтативни даночни побарувања од 110.384.303,00 денари, и за наведениот износ Управата за јавни приходи нема извршено никаков поврат, ниту е извршено пребивање со други даночни долгови. Правото на одбивка на претходен данок е искажано како даночно побарување во даночните пријави. Со контролата кај даночните обврзници, истото не е признаено, за што е задолжен даночниот обврзник со ДДВ и дополнително утврден ДДВ поради недоставена документација за оправданоста на искажаните аконтативни побарувања. И за овој даночен обврзник како и за вчерашниот, УЈП ја извести Управата за финансиска полиција за преземање на понатамошни постапки.

Ниту во вчерашниот случај што го наведува Стоилковски, не станува збор за реализиран поврат на ДДВ. И во овој случај, даночниот обврзник има поднесени даночни пријави со даночно побарување – аконтации оставени за идни периоди,(а не барања за поврат како што е изнесено во јавноста) Вкупно побарување за аконтативните пријави се во износ од 32.944.089 денари, за што Управата за јавни приходи нема извршено поврат и не е извршено пребивање со други даночни долгови. Правото на одбивка на претходен данок е искажано како даночно побарување во даночните пријави. Со контролата кај даночните обврзници, истото не е признаено, за што е задолжен даночниот обврзник со ДДВ и дополнително утврден ДДВ, поради недоставена документација за оправданоста на искажаните аконтативни побарувања.

Уште еднаш ја потсетуваме јавноста дека кон фирмите не е извршен поврат, туку фирмите за кои зборуваат од ВМРО – ДПМНЕ имаат даночен долг за кои по констатираните состојби и прибавените докази од извршените контроли, заедно со целокупната документација се доставени до Управата за финансиска полиција за понатамошно постапување согласно нивните законски надлежности. Исто така побарани се и податоци за патни исправи кои се наведени во историјатот на промени во Централен регистар на РСМ.

Јавноста треба да биде целосно информирана, граѓаните не треба да се доведуваат во заблуда. Апелираме ВМРО – ДПМНЕ да се воздржи од ширење на лаги и шпекулации.

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи 

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...