spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Неопходност од постепена интеграција на земјите од Западен Балкан пред формалното...

МНР: Неопходност од постепена интеграција на земјите од Западен Балкан пред формалното членство во ЕУ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на работната посета во Брисел оствари средба со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Во фокусот на разговорите беа актуелностите поврзани со европското досие,  процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската Унија и внатрешно-политичката динамика во земјата.

Османи го акцентираше успешното завршување на скринингот, како и потребата од забрзување на  процесот на пристапување кон ЕУ што служи како силен мотиватор и движечка сила за реформи. Воедно, се осврна и на целосната усогласеност на Северна Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, нагласувајќи ја и потребата од забрзана интеграција со учество во повеќе конфигурации на Советот на ЕУ, зголемена помош или прогресивен  влез во политиките и придобивките резервирани за земјите членки, што всушност претставува наш заеднички интерес.

„Полноправното членство на Западен Балкан во ЕУ нема алтернатива. Она што сега ни треба, е регионот да биде подготвен за членство, додека Унијата за проширувањето, односно да го задржиме кредибилитетот на процесот преку поголема интеграција пред членството” истакна Османи.

Соговорниците се осврнаа и на ЕУ интеграциите во поширок регионален контекст, а разговараа и за соработката и справувањето со последиците од руската воена агресија во Украина, ситуацијата во Газа и Блискиот Исток и други актуелни прашања од надворешно политичка и безбедносна природа.

Во Брисел, министерот Османи имаше прилика да се сретне и со специјалниот претставник на ЕУ за Западeн Балкан, Мирослав Лајчак.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МТ: Средба Николовски – Лосон – Велика Британија е долгогодишен партнер...

0
Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон. На средбата се разговараше...