spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Јавен повик за проекти од областа на еднаквите можности меѓу жените...

Карпош: Јавен повик за проекти од областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите

Водејќи се според стратегијата за преземање на иницијативи, како дел од годишната Програма од областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите во Општина Карпош за  2024 година, локалната самоуправа распишува Јавен повик за реализирање на активности кои се однесуваат на:

 

  • Унапредување на здравјето на жените и мажите;
  • Превенција и советување за спречување на семејното насилство и помош на жртвите од семејно насилство
  • Промоција и унапредување на еднаквоста и превенција од дискриминација
  • Надминување на родови стереотипи преку зголемено учество на девојчињата во ИТ секторот
  • Отворање на локална канцеларија за родителство.

 

За оваа намена, Општина Карпош од својот Буџет обезбеди финансиска конструкција во висина од 1.100.000 денари, а Јавниот повик ќе трае до исцрпување на средствата. Инаку, целта на овие програмски активности е опфаќање на проекти од предвидените области кои се во насока на промоција и унапредување на еднаквоста, советувањето, превенција и помош,  едукација и укажување на законските регулативи.

 

Во таа насока, финансиската поддршка ќе се додели врз основа на постапка по јавен повик за избор на реализатори на проекти, од областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите во Општина Карпош, објавен на општинската веб страница www.karpos.gov.mk. Притоа, постапката за избор на реализатори на проекти ќе ја спроведе Комисија формирана од страна на Градоначалникот на Општина Карпош. Комисијата  е составена од три члена, од кој едниот е координатор за еднакви можности, а двајца се од општинската администрација.

 

Право на учество на повикот имаат сите заинтересирани правни и физички лица од државата кои се занимаваат со активности и проекти од јавен карактер, посебно од областа на еднаквите можности. Оттука, заинтересираните физички и правни лица треба да ги достават следниве документи:

 

–   Предлог проект

–   Статут и решение за регистрација на Здружението на граѓани

–  Референтна листа за изработени проекти (искуство со проекти во локална    самоуправа ќе се смета за предност).

 

Заинтересираните странки можат да ги поднесат потребните документи до архивата на Општина Карпош (ул. Радика бр. 9), додека пак некомплетната документација нема да биде разгледувана.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МЈА: Лазе Јаќимоски ја презеде функцијата Заменик – Министер за Јавна...

0
Во просториите на Министерството за Јавна Администрација денес беше извршено примопредавање на должноста Заменик - Министер за Јавна администрација. Министерот за Јавна администрација, Горан Минчев, заедно со поранешниот Заменик - Министер на Министерството...