spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Министерот Шаќири и амбасадорката Агелер потпишаа продолжување на Фулбрајт програма за...

МОН: Министерот Шаќири и амбасадорката Агелер потпишаа продолжување на Фулбрајт програма за академска размена

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија Анџела Агелер потпишаа меморандум за продолжување на имплементацијата на Фулбрајт програмата за академска размена.

„Двете страни ја согледуваме корисноста од Фулбрајт. Размената на знаења и искуства е секогаш добредојдена и за САД како водечка земја во светот во многу области и по многу параметри, а особено за Северна Македонија како земја во развој, која се труди да ги следи глобалните образовни и научни трендови и стандарди“, изјави министерот Шаќири.

Интересот за студиски или истражувачки престој во САД е голем, затоа што секоја година околу 40-тина американски универзитети се рангираат меѓу најдобрите 100 во светот. Годинава има можност за поголем број партиципиенти споредбено со изминатите години, со оглед на тоа што е зголемено финансиското учество во програмата.

„Меморандумот за разбирање што Стејт департментот на Соединетите Американски Држави и Министерството за образование и наука го потпишуваат денес, во основа е за две работи: образование и разбирање. Со зголемување на својот придонес во програмата Фулбрајт од 150.000 на 260.000 долари, Министерството инвестира во луѓето и иднината на Северна Македонија“, нагласи амбасадорката Агелер, додавајќи дека од 1991 година, повеќе од 350 граѓани ја искористија можноста да студираат во Соединетите Држави преку програмите Фулбрајт, а потоа се вратија во матичната држава за да помогнат во градењето поздрава економија и подобар животен стандард.