spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Шаќири - Британската влада ги поддржува напорите за поквалитетен образовен систем...

МОН: Шаќири – Британската влада ги поддржува напорите за поквалитетен образовен систем во Северна Македонија

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири оствари средба со британскиот амбасадор во Северна Македонија, Метју Лосон и директорката на Британскиот совет за Западен Балкан, Клер Сиарс, на која се разговараше за тековните состојби во националниот образовен систем, како и за заедничките активности кои двете страни ги реализираат во насока на подигнување на квалитетот на образованието во државата.

„Благодарен сум што Британскиот совет долги години е поддржувач на институционалните напори за поквалитетно образование кај нас и очекувам така да биде и во иднина. Особено ни значи поддршката за развој на дигиталните вештини кај младите, како и поддршката за подигнување на мотивацијата на наставниците и јакнењето на нивните компетенции“, рече министерот Шаќири.

Амбасадорот Лосон и директорката на Британскиот совет Сиарс потврдија дека помошта од британската Влада е достапна затоа што ги согледуваат искрените заложби за градење на што поквалитетни генерации на млади.

Тие потсетија дека во тек се подготовки за организација на најголемиот светски собир на министри од областа на образованието и вештините, Светскиот образовен форум, што ќе се одржи оваа година во мај, во Лондон. Воедно, упатија покана до министерот за Шаќири за присуство на манифестацијата каде се разменуваат искуства и се креираат насоки за идните образовни политики.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...