spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМаричиќ на средба со Мурис: Со посветена работа, свесно и совесно раководење,...

Маричиќ на средба со Мурис: Со посветена работа, свесно и совесно раководење, успехот за пристапување во ЕУ е неминовен, реален и достижен

Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ одржа работна средба со амбасадорот на Кралството Белгија за Македонија, Фредерик Мурис.

На средбата Вицепремиерот Маричиќ и амбасадорот Мурис зборуваа за претседавањето на Белгија со Советот на Европската унија, како и за следните чекори кон реализација на европската агенда за Северна Македонија. Беше разговарано за заложбата на белгиското претседателство за Северна Македонија која е во правец на придонесување за напредокот на европската стратегија за проширување, барање решенија и посветено реализирање на плановите. 

Вицепремиерот ја истакна посветеноста со која како што рече тој: Ние не се откажуваме од исполнувањето на условите за свикување на Втората Меѓувладина конференција. Планот за раст на Западен Балкан е подадената рака на Европската Комисија за која сериозно и темелно се подготвуваме, многубројните придобивки од спроведување на Планот за раст во регионот и државата ќе бидат вистинска трансформација за нашите општества и граѓаните.

Маричиќ и Мурис веруваат дека со посветена и темелна работа на администрацијата, свесно и совесно раководење на сите политички структури во државата, успехот за пристапување во ЕУ е неминовен, реален и достижен.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...