spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска - Младите нека продолжат да бидат иницијатори, ние сме тука...

МТСП: Тренчевска – Младите нека продолжат да бидат иницијатори, ние сме тука иницијативите да ги донесеме до реалност

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска присуствуваше на саемот на услуги „Начини до добро ментално здравје“ во организација на Националниот младински совет на Македонија и Министерството за труд и социјална политика.

 

На настанот беше презентирана Националната стратегија за ментално здравје на младите како и новото советувалиште за млади кое треба да го имплементира министерството како прв чекор од акцискиот план кој произлезе од стратегијата.

Планирани услуги кои треба да се даваат во советувалиштето се: советодавни услуги, психосоцијална помош и поддршка, окупациона терапија и градење на вештини и менторирање. Советувалиштето ќе биде во склоп на Јавна установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение „25 Мај“.

Министерката Тренчевска во своето излагање ја истакна нејзината доверба кон младите во нивниот прогресивен дух и начин на размислување. Таа истакна дека Владата досега работеше заедно со младите, беше дел од нивните иницијативи и се со една цел, подобри можности во нашата држава и поголеми перспективи.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МЛС: Пелагонискиот плански регион има искуство и потенцијал за реализација на...

0
Динамиката на реализација на тековните проекти во Пелагонискиот плански регион, како и поддршката од страна на Министерството за локална самоуправа за финансирање на нови...