spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЏафери: Фер избори по највисоки стандарди, благосостојбата, напредокот и достоинството на Македонија...

Џафери: Фер избори по највисоки стандарди, благосостојбата, напредокот и достоинството на Македонија е примарна обврска на сите

Новоизбраниот претседател на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, по преземањето на премиерската должност од досегашниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски, даде изјава за медиумите, заедно со досегашниот премиер Ковачевски.

Во продолжение е интегрален текст од изјавата на премиерот Џафери.

„Почитуван поранешен Премиер Ковачевски,

Почитувани медиуми,

Ви посакувам добредојде во Владата на Република Северна Македонија, со ветување дека најмалку еднаш месечно ќе се гледаме редовно, како што впрочем тоа го правевме и при вршење на претходната функција во Собранието .

Како што знаете, само што ја завршивме tet-a-tet средбата со г. Ковачевски, за да го направиме примопредавањето на должноста на премиер на Владата на Република Северна Македонија.

Се разбира дека покрај примањето на честитките за новиот владин состав кој што се изгласа вчера во Собранието, со г. Ковачевски се согласивме за примарните прашања што ќе бидат во фокусот на Владата што ја предводам јас.

Изразив задоволство за одговорноста и должноста што ја преземам, повторувајќи го тоа што го кажав и вчера во моето експозе во Собранието, односно, Уставот и законите ќе бидат основата врз која ќе ја базирам секоја постапка и одлука што ќе ја преземеме како Влада.

Со оглед на тоа дека сме Владина коалиција која работеше според усвоената Програма за работа на Владата 2022-2024 година, се разбира дека и Владата што ќе ја водам јас се обврзува да продолжи со целосно, ефикасно и успешно спроведување на прифатените политики.

Несомнено дека примарната задача на оваа Влада е подготовката и организирањето на слободни, фер и демократски редовни во директна, отворена и законита процедура и соработка со Собранието, Државната изборна комисија и Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, Европската Унија и САД, ќе ги спроведе сите законски, институционални, организациски и оперативни предуслови за спроведување на јасната волја на граѓаните, со цел да се овозможат највисоките европски стандарди во процесот во изборната кампања и самите избори, односно да се одржат избори со целосен легалитет, легитимитет и консензуално прифаќање на изборната волја на граѓаните.

Одржувањето и унапредувањето на стратешкото партнерство на Република Северна Македонија со Европската Унија, со НАТО Сојузот и Соединетите Американски Држави, како стратешки цели прифатени од сите уште од независноста на државата, остануваат примарен приоритет на Владата на Република Северна Македонија: Ова сакам да го истакнам уште посилно сега, во овој геополитички дискурс кога секое од трети сили кои се  во потрага по нови сојузниците кои може да имаат полифонија во изразувањето на државните ставови и јасното потенцирање на вредностите и определбите кои ги претставуваат вистинските демократски и мирољубиви вредности. Така што за Владата, одржувањето и промовирањето на партнерството на Република Северна Македонија во рамките на НАТО Сојузот и останувањето доследен на Заедничката надворешната и безбедносна политика на Европската Унија – нема алтернатива.

Европската интеграција и исполнувањето на обврските што извираат од започнатите преговори и процесот на билатерален скрининг, како Патоказот за реформите во јавната администрација и за поглавјата за владеење на правото со Акциски план, изготвувањето на Патоказот за функционирањето на демократските институции, за полноправна и забрзана интеграција и полноправно членство на државата во Европската Унија до 2030, се исто така високо во агендата на Владата.

Ефикасното спроведување на успешните политики за унапредување на животниот стандардот на граѓаните и забрзувањето на економскиот раст  и развој во 2024 година, како и целосното продолжување на политиките, инструментите и успешните одлуки за поддршка на социјалните, здравствените образовните, културните и цивилните приоритети на сите граѓани, продолжуваат да бидат во фокусот на Владата.

Планот за раст, како дел од пакетот за проширување на Европската Комисија и е инструмент за засилување на социо-економската конвергенција на Западниот Балкан со Европската Унија и забрзување на ЕУ реформите ќе го ужива целосното внимание на Владата за овозможување на неговото успешно спроведување за благосостојбата на нашите граѓани.

Почитувани медиуми, реков вчера, ќе повторам и сега. Без оглед колку ќе трае оваа Влада, Ве уверувам дека во ниту еден миг нема да отсуствува редовното функционирање на институцијата, соработката и инклузивноста во работата на Владата, обезбедувајќи секој сегмент или министерство да бидат транспарентни, отчетни и над се, ефикасни и во служба на граѓаните.

Почитувани граѓани, ние може да бидеме од различни и провениенции во овој владин состав, меѓутоа, има нешто што не се менува никогаш! Ние сме сите таму каде што сме благодарение на Вашиот легитимитет и штитењето на вашите интереси, создавањето на подобрите услови за Вашата благосостојба, напредокот, позиционирањето и чувањето на достоинството на Република Северна Македонија во регионот и светот, е примарно право и обврска на сите нас!

Ви благодарам на вниманието!„

Извор: Влада

Прочитајте

Бутел: По 40 години реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки”

0
Нема запирање кога се работи за доброто на граѓаните и за нивните потреби. Денес, започна реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки” со површина од 3000...