spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Наместо на политички игри во училиштата, општина Тетово да се фокусира...

МОН: Наместо на политички игри во училиштата, општина Тетово да се фокусира на квалитетна настава

Контролите на Државниот просветен инспекторат над работата на основните и средните училишта во државата во изминатите неколку месеци, потврдуваат дека Тетово е општина која најлошо ги менаџира своите надлежности и обврски во областа на образованието. Тоа е резултат на несовесно работење на градоначалникот кој наместо на квалитетот на наставата и интересите на учениците, фокусиран е на политички игри кои ги спроведува токму преку образовните установи.

Од страна на просветните инспектори констатирани се бројни неправилности, особено при избори и именувања на директори и тоа во седум општински основни и средни училишта, за што давани се насоки за постапување и поведувани се соодветни постапки.

Во три основни училипта – „Истикбал“, „Ѓерѓ Кастриот Скендербеу“ – Порој и „Беса“ во Мала Речица, именувани се директори кои не ги исполнуваат законските услови за извршување на функцијата. Двајца од нив (во „Истикбал“ и „Беса“) се назначени и без да се спроведе оглас за избор на директор, исто како и во гимназијата „7ми Март“.

Во средното училиште „8ми септември“ не е распишан оглас за избор на директор три месеци пред истекот на мандатот на актуелниот директор на училиштето, како што наложува законот, додека во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, противзаконски е разрешен директор и не е постапено согласно насоките од записникот на просветните инспектори при констатитирањето на прекршокот, што пак е утврдено за време на контролниот надзор.

Најнов случај на констатирана нерегуларност е обидот на директорката на ОУ „Лирија“ за преземање на вработени од други институции со лажна изјава, за што известени се надлежните органи и институции за понатамошно постапување.

Законите важат подеднакво за сите и мора да се почитуваат. Раководството на општина Тетово е свесно за прекрошоците кои ги има направено и залудни се обидите да се даде политички контекст на реакциите на институциите и на голем дел од тетовските граѓани. Никој не е над законот и за непочитувањето треба да знае дека сноси одговорности и има последици.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...