Министерството за образование и наука информира за можноста еден (1) македонски студент да добие стипендија за студирање во Република Кореа.
Владата на Република Кореа обезбедува една (1) стипендија за Северна Македонија за студирање во Република Кореа за академската 2024 година.
Програмата за стипендирање опфаќа магистерски и докторски студии како и изучување на корејскиот јазик.
Дополнителни информации околу самата програма може да се најдат во брошурата и пријавата кои се дадени во прилог на оваа објава.
Крајниот рок за пријавување е 5 -ти март 2024 година.
Подетални информации може да се најдат и на веб страницата: http://studyinkorea.go.kr(scholarships-GKS Notice)
Извор: Министерство за образование и наука