spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Исплатени субвенциите до 3.187 мали земјоделски стопанства во износ од 63,5...

МЗШВ: Исплатени субвенциите до 3.187 мали земјоделски стопанства во износ од 63,5 милиони денари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ја изврши исплатата на мерката за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години. 

Висината на директните плаќања се утврдува како просек од висината на одобрените финансиски средства за директни плаќања по програмите за финансиска поддршка во земјоделството за 2020, 2021 и 2022 година и тоа:

 – За одобрен просек од 0 до 10.000 денари се исплаќаат 10.000 денари

 – За одобрен просек од 10.000 до 20.000 денари се исплаќаат 20.000 денари

 – За одобрен просек од 20.000 до 30.000 денари се исплаќаат 30.000 денари

 – За одобрен просек од 30.000 денари до 40.000 денари се исплаќаат 40.000 денари 

Вкупната исплатена финансиска поддршка за оваа категорија земјоделци изнесува 63,5 милиони денари за одобрени 3.187 земјоделски стопанства.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...