Управата за јавни приходи изврши надградба на системот е-Персонален данок и овозможи најавата на истиот да се одвива преку е-УЈП (https://e-ujp.ujp.gov.mk) . Сите физички и правни лица кои за првпат се регистрираат за цели на оданочување потребно е да се најавуваат преку е-УЈП. Правни лица/СВД без разлика дали станува збор за ново формиран субјект или постоечки корисник на е-Даноци или е-ПДД, доколку за првпат се најавуваат на страната „е-Даночни услуги“, на најавната страна потребно е да се регистрираат како корисник.
Овластувањата, промената или додавањето на токен сертификати кој се користат за потпишување на пресметки се врши преку страницата „е-Даночни услуги“.
Управата за јавни приходи изготви видео кое го објаснува целиот процес на регистрација, доделување овластувања и промена / додавање на токен сертификати.
– Линк за албанска верзијa
Извор: Управа за јавни приходи