Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2024 година, се издадени 256 одобренија за
градење, што е за 34.4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 503 536 илјади денари,
што е за 41.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 166 (64.8 %) се наменети за објекти од високоградба, 48
(18.8 %) за објекти од нискоградба и 42 (16.4 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 256 објекти, на 164 (64.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 92 (35.9 %) објекти инвеститори
се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 615 станови, со вкупна корисна површина од 56 031 м2.
![](https://i0.wp.com/www.stat.gov.mk/Images/pdf_button.png?w=696&ssl=1)
Преземи го соопштението во целост
![](https://i0.wp.com/www.stat.gov.mk/Images/excel_button.png?w=696&ssl=1)
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел: +389 2 3295 666
е-пошта: press@stat.gov.mk
Извор: Државен завод за статистика