Светскиот ден на потрошувачите, кој го одбележуваме на 15-ти март, претставува значаен момент во календарот на меѓународните настани. Оваа прилика неодамна стана уште поголема со иницијативата на Обединетите нации, која го потенцира значењето на основните права на потрошувачите, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот настан по повод одбележување на Светскиот ден на потрошувачите 15 март.„Во светот каде што економските и трговски активности соодветно се развиваат, правата и заштитата на потрошувачите добиваат длабоко значење. Потрошувачот, без оглед на социјалниот статус и приходите, треба да има сигурност и доверба во квалитетот на производите и услугите што ги користат. Според најновото законодавство во областа на заштитата на потрошувачите, сите граѓани имаат право на задоволување на основните потреби, безбедност при користење на производите и услугите, како и на информираност и избор“ кажа министерот Бектеши.Како што потенцираше министерот, Министерството за економија на Република Северна Македонија ја има клучната улога во оваа област, со постојана грижа за заштита на потрошувачите.„Со Програма за заштита на потрошувачите, имаме за цел да гарантираме на граѓаните дека се обезбедени со ефикасни механизми за информирање за заштита на нивните права. Преку деделување на грант средства на годишно ниво до Организации за заштита на потрошувачите во државата, осигуруваме функционирање на советувалиштата. Оваа активност од Програма за заштита на потрошувачите е средство за поддршка на граѓаните, обезбедувајќи бесплатно советување и помош во остварување на нивните потрошувачки права. Посветени сме на осигурување на силна и постојана заштита на потрошувачите, во иднина планираме да ги усовршува механизмите за заштита на правата на потрошувачите во нашето општество преку донесување и усвојување на новите прописи за заштита на прават на потрошувачите согласно Европското закондавство што се однесуваат на подобри механизми за заштита на потрошувачите и алтернативно решавање на потрошувачките спорови“ додаде министеерот и кажа дека со голема одговорност и со цел да ги поддржиме и заштитиме правата на нашите граѓани, новиот Закон за заштита на потрошувачите е силно средство за остварување на заштита во сите сфери на потрошувачките односи.„Овој правен инструмент ги реформира и унапредува стандардите на заштита на потрошувачите, со што не само што гарантира заштита на потрошувачите во потрошувачките односи туку и креира услови за постигнување на посветеност на потрошувачите кон посилна економија.Со овие промени, Министерството за економија и јас лично го истакнуваме нашиот ангажман за подобрување на животот на граѓаните преку ефикасна заштита на нивните потрошувачки права. Веруваме дека новиот Закон за заштита на потрошувачите ќе биде клучен инструмент во градењето на доверба и стабилност во пазарните односи, со што се креира сигурна и ефикасна околина за сите учесници во економијата.Со оглед на сè ова, Ви гарантирам дека Министерството за економија како институција носител на политиката за заштита на потрошувачите е предана на идејата за справување со предизвиците во областа на заштитата на потрошувачите и создавање на поволни услови за развој на економијата“ кажа министерот Бектеши.
Извор: Министерство за економија