Во присуство на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, беше промовиран новиот објект во рамки на градинката „Цветови“.
Градоначалникот Таравари потсети дека во текот на 2017 година во гостиварските грасинки имало место за 400 деца, а сега за 800. Фактички, за двојно е зголемен бројот на деца кои се згрижуваат во дневен престој.
„Листата на чекање со отворањето на овој капацитет ќе се намали на 150, додека на почетокот на нашето управување беше 350 до 400. Посебно задоволство е да се видат условите во овој дневен центар како и во сите останати дневни центри“, изјави градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.
Инаку, општина Гостивар постојано се грижи за предучилишното образование бидејќи инвестирањето во образованието е инвестирање во иднината.
Извор: Општина Гостивар