spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Со техничка документација, побрзо до нови штедливи светилки во воспитно образовните...

Карпош: Со техничка документација, побрзо до нови штедливи светилки во воспитно образовните институции

Стручни лица од секторите за Развој и Енергетска ефикасност од Општина Карпош одржаа работен состанок со претставници на УСАИД од САД, Хрватска и Македонија, во рамки на проектот „Инвестиции во развивањето на средства во енергетскиот сектор (Инвестиции во енергија) – ИДЕА”. Станува збор за проект кој финансиски ќе поддржи изработка на техничка документација од областа на енергетската ефикасност, наменет за објектите во надлежност на Општина Карпош, поточно за основните училишта и детските градинки кои се наоѓаат на нејзина територија.


На денешната средба која се одржа во просториите на локалната самоуправа се говореше за потребите и приоритетите на општина Карпош, во насока на изработка на техничка документација со цел, подобрување при имплементација на мерките за енергетска ефикасност. Инаку, проектот – ИДЕА е фокусиран кон зајакнување на инвестицискиот потенцијал на производството, на преносот и дистрибуцијата на електрична енергија и топлина, на начин кој е поволен за животната средина.
Поконкретно, тоа може да се реализира со поставување на централизирани системи за греење во воспитно – образовните институции во надлежност на Општината, со што би се подигнало и самото ниво на енергетска ефикасност во објектите. Но, за да се стигне до конечниот резултат, првично треба да се изработат физибилити и пред-физибилити студии со целосна техничка документација, со што би се отвориле реални можности за понатамошно добивање на финансиски средства и донации, за подобрување на енергетската ефикасност во општина Карпош.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...