Овој проект под покровителство на Словачката Амбасада во Македонија се одвиваше во нашето средно општинско училиште во повеќе етапи и оствари дополнителна еколошка едукација на нашите ученици и развивање на претприемачките вештини.
Во првиот дел кој се одвиваше минатата година, учениците презентираа свои истражувања за ендемичниот диверзитет во прилепскиот регион, презентираа дел од историското и културно минато на Прилеп преку куќите во Прилеп и нивните обележја, геолошкиот диверзитет на Прилеп , изработија терариуми со сукуленти, екстрахираа зачински растенија и изработија масла од нив и на крај, посадија семки од различни растенија.
Во втората етапа во март месец, учениците ја научија техниката на изработка на мозаик од прилепскиот мермер и другите минерали во прилепскиот регион.
ПОГЛЕДНЕТЕ 👀👈
Во третата, која денес е завршен настан во Орде Чопела, како заокружување на целото патување се изработи мермерна градина со цветни и зачински растенија како и зачинот од ароматични и зачински растенија,,Ароматична градина Чопела” кој ќе биде заштитен знак за нашето училиште.
СОУ,,Орде Чопела,, продолжува со проектите кои ја подигаат свеста за посебниот карактеристичен идентитет и растителен диверзитет на прилепскиот регион.
Извор: Општина Прилеп