spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Ѓорѓиевски - “Вардар” мора да постои – обезбедена поддршка...

Кисела Вода: Ѓорѓиевски – “Вардар” мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

За ФК “Вардар” пред најважниот натпревар оваа сезона, е обезбедена финансиска поддршка од градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски. На денешниот тренинг на тимот тој лично на “Вардар”, Вардарци и Комити им даде збор дека за многу брзо време работите ќе се променат на подобро, и “Вардар” никогаш повеќе нема да биде во оваа ситуација.

-“Вардар” е душата на Скопје и како еден од нив, ќе го дадам и последниот атом од мене за да се одржи клубот. Како и во минатото, така и сега во пресрет на баражот во недела, обезбедени се финансиски средства за да опстои нашата гордост. “Вардар”, Вардарци и Комити не се оставени сами на себе.  Мојата подадена рака ќе стои секогаш тука за нив. И да, ќе одиме на врвот – таму каде што припаѓаме! А во една блиска иднина, за многу брзо време кога работите ќе се променат на подобро, “Вардар” никогаш повеќе нема да биде во оваа ситуација. Го имате мојот збор!

Се гледаме во недела, во 17 часот на стадионот во Струмица.ФК ВАРДАР : ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА! За Вардар, за нашето славно минато и блескава иднина-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој и минатата година, пред историскиот натпревар со Кавадарци му обезбеди финансиска поткрепа на спортската гордост на Скопје, “Вардар”.

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....