spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Целосна реконструкција на улицата „Илија Димовски – Гоче“ во населбата Лисиче

Аеродром: Целосна реконструкција на улицата „Илија Димовски – Гоче“ во населбата Лисиче

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и претседателот на советот на општината, Дејан Митески денеска направија обиколка на улицата „Илија Димовски – Гоче“, каде деновиве градежната механизација активно работи на целосна реконструкција на сообраќајница која се протега на двете страни од булеварот.

Проектот на обнова на улицата вклучува целосна замена на тампонтскиот и асфалтен слој, изведба на нови тротоари со павер елементи, како и поставување нова вертикална и хоризонтална сигнализација. Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Светската банка, преку Министерството за транспорт и врски.

Со реализација на овој проект се унапредува сообраќајната инфраструктура во општината и се подобрува безбедноста во сообраќајот во Аеродром.

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

МЗШВ: Исплатени се 315.745.324 денари кон 11.689 лозари, грижата за земјоделците...

0
Денеска кога го празнуваме Свети Трифун, заштитник на лозарите се исплатија 315.745.324,00 денари кон 11.689 лица. Исплатата се однесува за подмерката 1.11 за остварено производство на...