spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДемир Хисар: Изградба на сообраќајна инфраструктура- пат до манастирот Св. Константин и...

Демир Хисар: Изградба на сообраќајна инфраструктура- пат до манастирот Св. Константин и Елена и уште две улици во населеното место Вардино

Уште еден проект за подобрување на сообраќајната инфраструктурата за полесна секојдневна мобилност на нашите граѓани.

На барање на жителите а согласно приоритетите на Општина Демир Хисар одпочнавме со имплементацијата на проектот за изградба на сообраќајна инфраструктура кој опфаќа изградба на пат до манастирот Св. Константин и Елена и 2 улици во населеното место Вардино.

Овие патни правци се од клучно значење за населението кое гравитира на овој дел од општината а дел од нив досега беа со земјен коловоз, движењето беше забавено и отежнато што со овој проект ќе се реши и ќе се овозможи побрза и поефикасна мобилност на населението.

Проектот беше дел од предлозите кои беа произнесени во рамките на серијата на регионални форуми на заедницата во Пелагонискиот плански регион кои се одржаа како алатка за приоретизација на регионални проблеми.

Општина Демир Хисар го имплементира овој проект во партнерство со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, а истиот е финансиски поддржан во рамките на Програмата за регионален развој на Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа.

Извор: Општина Демир Хисар

Прочитајте

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк, да се обединиме во...

0
Почитувани, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД. Присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите...