spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМинистерот Муртезани, ја пречека Делегацијата од Германската сојузна држава Баварија

Министерот Муртезани, ја пречека Делегацијата од Германската сојузна држава Баварија

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани во просториите на Министерството за европски прашања оствари средба со делегација од Германската сојузна држава Баварија, предводена од Герхард Хоп, член на Комисијата за Европа при Регионалниот парламент на Баварија.

Во фокусот на средбата со Баварската делегација беа активностите на Северна Македонија кои произлегуваат од процесот на пристапување во Европската унија, досегашната соработка со Баварија и со Германија пошироко, како и на можностите за продлабочување и проширување на истата во претстојниот период. Двете страни констатираа дека Германија е докажан и сигурен поддржуваш на евро-ининтегративните процеси на Северна Македонија и искажаа убеденост дека ваквата поддршка нема да изостане и во иднина.

Министерот Муртезани накусо ги брифираше членовите на делегацијата со ингеренциите и надлежностите на  Министерот за европски прашања. Тој исто така се осврна и  помошта обезбедена од Германската влада во клучни моменти од поблиското минато, како на пример во време на Ковид-19 кризата од 2020 год., но и во времето на мигрантската криза од 2025 год. Министерот Муртезани забележа дека годинава одбележуваме 25 години од потпишувањето на Заедничката декларација помеѓу Република Македонија и Баварија потпишана во 1999 год. и 40 години значајна соработка помеѓу збратимените градови Скопје и Нирнберг.

Во име на баварската Делегација, Хоп изрази честитки за назначувањето на министерот Муртезани на особено важната позиција, бидејќи, како што истакна тој, Европската унија, безбедноста, сигурноста и одбраната на демократијата во Европа се теми од подеднаква важност и за Северна Македонија и за Баварија. Хоп се осврна на неопходноста за постојана комуникација, како  најефективен начин до изнаоѓање на заеднички решенија на предизвиците.

Во текот на состанокот, двете страни разменија информации на повеќе теми од заемен интерес, меѓу кои образованието, младинската соработка, соработка во здравствениот сектор итн.

Извор: Секретаријат за Европски прашања

Прочитајте

МЈА: Лазе Јаќимоски ја презеде функцијата Заменик – Министер за Јавна...

0
Во просториите на Министерството за Јавна Администрација денес беше извршено примопредавање на должноста Заменик - Министер за Јавна администрација. Министерот за Јавна администрација, Горан Минчев, заедно со поранешниот Заменик - Министер на Министерството...