spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Градоначалникот Пецаков оствари средба со американската амбасадорка Анџела Агелер

Охрид: Градоначалникот Пецаков оствари средба со американската амбасадорка Анџела Агелер

Во просториите на Општина Охрид, градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со американската амбасадрока Анџела Агелер која беше придружувана од тим на експерти од областа на заштитата на животната средина и влијанието на луѓето врз езерата.

Фокус на разговорот беше животната средина, УНЕСКО и развојот на градот. Градоначалникот ја информираше амбасадорката дека во тек се неколку проетки кои се од оваа област, како и за проектите кои е изготвена потребната документација и за кои се чека обезбедување на финасии како што се изградба на прочистителна станица Трпејца и изграба на канализациона мрежа долж охридското крајбреже до Св. Наум. Исто така се разговараше и за напредокот во исполнувањето на препораките од УНЕСКО.  Тука потенцирано беше дека Охрид предначи во реализацијата на препораките додека другите засегнати општини доцнат.

Тимот на екпертите и амбасадорката изразија поддршка за посветеноста на Општина Охрид и градоначалникот за целосната посветеност во имплементирањето на препораките, како и за посветеноста во реализација на проекти кои се клучни во заштитата на Охридското езеро и животната средина.  Амбасадорката Агелер истакна дека Општината ја има и ќе ја има поддршката од Американската амбасада за посочените проекти.

Експертите кои подолг период престојуваат во Охрид и притоа имаат остварено средби со засегнатите страни во менаџментот на Охридското езеро, владини претставници, експерти, како и со невладини и граѓански организации, изразија позитивни видувања за придвижувањето кон позитивна насока на заштитата на Охридското езеро.

Извор: Општина Охрид

Прочитајте

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк, да се обединиме во...

0
Почитувани, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД. Присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите...