spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕТ: Дурмиши - Ќе се фокусираме на подобрување на бизнис климата и...

МЕТ: Дурмиши – Ќе се фокусираме на подобрување на бизнис климата и на работничките права

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши денеска одржа прес-конференција за медиумите на која информираше за надлежностите и активностите на Министерството за економија и труд.

Министерот Дурмиши на почетокот се заблагодари на довербата на која што му е дадена да раководи со Министерството за економија и труд.

„Како министер ветувам дека во мојот мандат ќе работам неуморно во остварување на целите и на ветувањата дадени на граѓаните и на бизнисот, а тоа е подобрување на деловната клима и животниот стандард .Од денеска па натаму ќе се посветам преку креирање на мерки и политики да започнеме нов циклус за економско заживување на државата и подобрување на работничките права“ кажа Дурмиши.

Министерот појасни дека во надлежност на Министерството за економија и труд, со новата реорганизација , главниот фокус ќе биде: засилена поддршка на индустријата,креирање мерки за микро, малите и средни компании, зголемување на конкурентноста на бизнисот, внатрешниот пазар, трговијата, како и поддршката на работодавачите, креирање на мерки и политики за вработување, подобрување на пазарот на труд и заштита на работничките права.

„Во делот на инвестициите, ќе продолжиме со финансиска поддршка за инвестициите за домашните и странските компании која што е регулирана со Законот за финансиска поддршка на инвестициите, Закон кој што е во наша надлежност. Планираме постапката и условите за доделување на државната помош да бидат ревидирани во насока на поголем износ на поддршка за домашните компании што извезуваат и компаниите од секторите со конкурентна предност. Во делот на конкурентноста на компаниите, ќе работиме на целокупен концепт за поддршка на конкурентноста на македонската индустрија, зелена и дигитална трансформација на индустријата, циркуларна економија и засилена соработка со академијата за пренос на знаење, истражување и развој и иновации. Во комуникација и дијалог со бизнис секторот и коморите ќе работиме на креирање на заеднички визија за предизвиците со кои се соочуваат компаниите и на домашниот и на извозните пазари. Ќе креираме нови мерки кои ќе произлезат од барањата на компаниите. Ние ќе бидеме главниот глас на бизнисот во Владата да се пренесат нивните барања, потреби и приоритети со цел да создадеме поконкурентни компании, поконкурентна економија, а со тоа и нови инвестиции кои ќе креираат нови работни места“ кажа Дурмиши.

Според министерот во фокусот ќе останат микро, малите и средните претпријатија кои се најбројни во домашната индустрија. Ќе се зголемат финансиите и мерките кои ќе ги креираме за микро малите и средните компании.

“Ќе се фокусираме на целосна инфраструктурна и логистичка поддршка на индутриските зони. Странските инвеститори, бизнис секторот, работодавачите и коморите ќе бидат консултирани при носење на сите законски решенија, а ние ќе бидеме нивен партнер за соработка. Правата на работниците и пазарот на труд ќе биде наш нов предизвик на кој ќе дадеме максимална посветеност.Приоритет ќе ми бидат унапредувањето на правата на работниците, заштита на работничките права. Со новата реорганизација и превземањето на секторот Труд во наша надлежност,  ќе се поврзат бизнисот и работниците во една целина. Со ова поврзување се дава можност да се видат и да се слушнат сите фактори во еден производствен процес, кажа Дурмиши и додаде дека соласно програмата на Владата, преку Агенцијата за вработување која што сега со новата реорганизација преоѓа во надлежност на Министерството за економија и труд, ќе носиме програми кои ќе бидат насочени кон мерки за вработување на млади, создавање на вештини и квалификации, преквалификации и доквалификации на ранливите категории, обуки и вештини потребни за пазарот на труд, поддршка на претприемништвото, како и кофинансирање на обуки за користење на нови технологии, за што ќе биде обезбеден буџет од 150 милиои евра.

“Агенцијата за вработување ќе прерасне во ефективен посредник помеѓу работниците и работодавачите. Ќе направиме комплетна реформа на активните мерки на пазарот на труд за да можат да се постигнат вистинските ефекти. Спроведувањето на овие мерки ќе биде преку инклузивен процес преку интегрирање на бизнис заедницата, коморите со Агенцијата за вработување. Ќе направиме целосна систематиација и оптимизација на законите и подзаконските акти кои ја регулираат областа на трудовата политика и политиката на социјална заштита“ потенцираше Дурмиши.

Министерот најави дека во наредниот период ќе поднесе барање до Државниот завод за ревизија за целосна ревизија на работењето на Министерството за економија почнувајќи од 2015 година кога последен пат е направена целосна ревизија на работењето на министерството од страна на Државниот завод за ревизија.

„Целта на оваа ревизија е да видиме ние а и целата јавнаст како се работело во време на претходната власт“ кажа Дурмиши.

Извор: Министерство за економија и труд

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...