spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Информација од уписот во јавните средни училишта во Република Северна Македонија...

МОН: Информација од уписот во јавните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година (прво и второ пријавување)

Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско аплицирање од 20 до 25 јуни 2024 година и доставувањето на потребната документација до училиштата беше во истиот период, а второто пријавување на 1 и 2 јули до 15:00 часот 2024 година. Ранг листи се објавија на 26 јуни, односно на 3 јули 2024 година.

По првото пријавување квалификациско тестирање се организираше на 28 јуни 2024 година во следниве училишта:

·        СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Град Скопје, здравствена струка за образовните профили фармацевтски техничар, медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик.

·        СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица, здравствена струка за образовниот профил медицинска сестра, на македонски наставен јазик.

По второто пријавување, квалификациско тестирање ќе се организира на 5 јули 2024 година во:

·        СУГС „Цветан Димов“ – Град Скопје, здравствена струка за образовните профили, медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик.

Конечните ранг листи со резултатите за учениците кои ќе полагаат квалификациско тестирање по второ пријавување, ќе се објават на 5 јули 2024 година.

Врз основа на финализираните ранг листи за првото и второто пријавување добиени се следните податоци:

Во првото пријавување вкупно се пријавија 15786 ученици од кои:

  • 11 268 ученици за настава на македонски наставен јазик;
  • 4 231 ученици за настава на албански наставен јазик;
  • 277 ученици за настава на турски наставен јазик и
  • 10 ученици за настава на српски наставен јазик.

Во второто пријавување вкупно се пријавија 2 738  ученици од кои:

  • 1 517 ученици за настава на македонски наставен јазик;
  • 1 126 ученици за настава на албански наставен јазик;
  • 95 ученици за настава на турски наставен јазик и
  • 0 ученици за настава на српски наставен јазик.

Во двете пријавување вкупно се запишаа  15481 ученици од кои:

  • 11645 ученици за настава на македонски наставен јазик;
  •  4105 ученици за настава на албански наставен јазик;
  • 320 ученици за настава на турски наставен јазик и
  • 10 ученици за настава на српски наставен јазик.

Според видот на образованието, во двете пријавувања запишани се вкупно:

  •  4652 ученици во гимназиско образование од кои:

Ø  3163 ученици на македонски наставен јазик;

Ø  1331 ученици на албански наставен јазик;

Ø  148 ученици на турски наставен јазик и

Ø  10 ученици на српски наставен јазик.

  •  11 428 ученици во стручно образование од кои:

Ø  8482 ученици на македонски наставен јазик;

Ø  2 774 ученици на албански наставен јазик;

Ø  172 ученик на турски наставен јазик.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...