spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Отворивме Подрачна единица и Подрачна канцеларија во Ново Село и Босилово,...

МЗШВ: Отворивме Подрачна единица и Подрачна канцеларија во Ново Село и Босилово, Министерството поблиску до земјоделците

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во општините Ново Село и Босилово отвори Подрачна единица и Подрачна канцеларија на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што ветив, го ставаме Министерството и неговите вработени во служба на земјоделците, институциите поблиску до граѓаните. Овие ПЕ и ПК на МЗШВ во општина Ново Село и општина Босилово ќе значи побрз и поедноставен начин за поднесување апликации, регистрации и информирање на земјоделците од овие две општини. – изјави Трипуновски.

Подрачната единица во Ново Село е отворена во 2014 година, но претходната власт од непознати причини истата ја стави вон функција за сега повторно да се реотвори и да биде во служба на земјоделците од оваа општина.

Изразувам благодарност до градоначалниците Ѓорѓе Божинов и Ристо Манчев за нивната соработка и обезбедените простории во склоп на општинските згради, продолжуваме и во наредниот период со отворање на ПК во руралните општини каде што досега немало канцеларии од овој тип. – дополни Трипуновски.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк, да се обединиме во...

0
Почитувани, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД. Присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите...