spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Започна изградбата на “Fashion Park Triangla” единствен во Македонија, вреден...

Гази Баба: Започна изградбата на “Fashion Park Triangla” единствен во Македонија, вреден 10.000.000 евра

Официјално започна изградбата на првиот малопродажен парк “Fashion Park Triangla” во Триангла. Она што го прави посебен е новиот концепт на визуелно дизајнирани продавници со нов начин на изведба и материјали, нешто што е препознатливо низ Европа.

Преку оваа инвестиција, Општина Гази Баба продолжува да се модернизира и истиот ќе донесе нова енергија за нашите сограѓани. Овој проект кој е според сите светски стандарди, ќе привлече голем број на посетители, кои ќе уживаат во содржините кои ги нуди проектот.

Овој проект е од огромно значење и за Гази Баба но и за Скопје пред се поради фактот дека Скопје ќе се позиционира како лидер во овој дел од регионот и претпознатлив по ваков тип на објекти.

Дополнително со реализацијата на овој проект се обезбедува и отворање на нови работни места.

Фешн Парк Триангла се простира на површина од 15.000 м2, од кои 6.500 м2 површина за изнајмување, а во рамки на проектот има и бизнис центар и хотел од 5.000 м2, како и подземен паркинг со над 200 паркинг места.

Општина Гази Баба секогаш кога во прашање ќе бидат нови инвестиции кои имаат за цел општо добро ќе биде партнер со бизнис заедницата.

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте