spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Димитриеска-Кочоска - Важно е реално прикажување на податоците за реално планирање...

МФ: Димитриеска-Кочоска – Важно е реално прикажување на податоците за реално планирање на буџетот

Во Буџетот за 2024 година  нема простор за намалување на расходната страна затоа со ребалансот ќе направиме реалокација на средства од ставки кои не се реализираат или коишто ќе се покаже дека не се продуктивни. Првичните  анализи покажуваат дека на расходната страна може да се скрати околу 200 до 300 милиони евра, но дека појасна слика ќе има во наредните денови, бидејќи веќе се доставени дописите од буџетските корисници до Министерството за финансии и дека ќе се работи и за време на викендот.

Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во емисијата „Вин Вин“ на ТВ Телма, во која ја посочи дека интензивно ќе се работи викендов на ребалансот по што ќе има поконкретни сознанија.

„Бидејќи првичните анализи покажуваат дека на расходната страна нема простор каде да се намалува, бидејќи има расходи кои не се планирани, ќе реалоцираме средства. Целта е да не ги менуваме во апсолутен износ вкупните приходи и расходи, а со тоа и во апсолутен износ да не го менуваме буџетскиот дефицит, но во процент тој ќе биде поголем. Она што загрижува е јавниот долг, кој процент ќе бележи раст бидејќи јавниот долг од 61,2% е проектиран на раст од 3,4%, а податоците со кои располагаме упатуваат дека тој ќе биде помеѓу 2,1% и 2,5%, рече министерката за финансии.

Таа посочи дека се дадени насоки да се презентираат податоците најреално што може. „Доста е, рече, со нереални проекции и планирања, подобро е да знаеме од каде почнуваме, колку е лошо, какви се бројките и потоа да знаеме каде се фокусираме и што треба да подобруваме“. При тоа додаде дека има простор да се скрати од патни трошоци, од трошоци предвидени за промоции и од проекти кои немаат реализација.

Димитриеска-Кочоска истакна дека парите кои се потребни да се обезбедат во Буџетот за исплата на пензиите со најавеното зголемување не е притисок врз расходите. Поголем притисок вели прават каматните плаќања. Според неа треба да се види што може да се направи на приходната страна на Буџетот, односно да се види колкав е делот на сивата економија.

За тоа, како што рече, голем придонес ќе даде воведувањето е-фактура, која е важна и за реализација на повратот на ДДВ. Потребно е, наведе, и  поврзување и постојана комуникација помеѓу Управата за јавни приходи и Царинската управа. Домаќинско и одговорно однесување на раководните лица во сите институции.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...