spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Дигитализацијата на локалните услуги во фокусот на двете министерства, процесот забрзано...

МЛС: Дигитализацијата на локалните услуги во фокусот на двете министерства, процесот забрзано ќе се движи напред

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска имаше состанок со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и со претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.
На состанокот се разговараше за процесот на дигитализација на локалните услуги. Беше констатирано дека дигиталната трансформација на локално ниво е приоритет и на централно и на локално ниво и дека преку соработка на надлежните министерства за локална самоуправа и за дигитална трансформација, со ЗЕЛС и со единиците на локалната самоуправа, процесот забрзано ќе се движи напред.

На состанокот беше истакнато дека дигитализацијата е приоритет на оваа Влада што е потврден и преку воспоставувањето на новото Министерство за дигитална трансформација кое што има мандат да ги координира сите активности за дигитална трансформација и на централно и на локално ниво.

Целта е да се олесни пристапот на граѓаните до сите услуги, да се зголеми ефикасноста, но и транспарентноста во работењето на јавниот сектор и на локално и на централно ниво.  Крајната цел е да се обезбеди опфат на сите општини кои што ќе обезбедуваат дигитални административни услуги за граѓаните и да се овозможи единствен пристап до електронските услуги преку националниот електронски портал Е-Услуги.

Извор: Javnaadministracija.mk

Прочитајте

Бутел: По 40 години реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки”

0
Нема запирање кога се работи за доброто на граѓаните и за нивните потреби. Денес, започна реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки” со површина од 3000...