Во просториите на ЗЕЛС се одржа конститутивната седница на Комисијата за социјална заштита и социјална инклузија во која членуваат градоначалниците на Гази Баба, Куманово, Кавадарци, Арачиново, Делчево, Велес, Тетово, Прилеп, Центар и Штип.
Градоначалникот Бобан Стефковски ја доби довербата од колегите градоначалници да биде претседател на ова важно тело при ЗЕЛС чија улога е заедно со експерти да се изготви план за продолжување на процесот децентрализација во областа на социјалната заштита на локално ниво.
Важно е да продолжи процесот на децентрализација кој минатата Влада комплетно го прекина.
Градоначалникот Стефковски истакна дека овој процес ќе продолжи бидејќи општините со новата Влада имаат партнерски однос во интерес на граѓаните.
Извор: Општина Гази Баба