Премиерот на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денес оствари средба со Крис Павловски, основач и извршен директор на интернационалната компанија Rumble, Хауард Лутник основач и извршен директор на една од водечките финансиски корпорации во САД- Cantor Fitzgerald и со Девин Нунес, поранешен конгресмен на Калифорнија и сегашен извршен директор на Трамп корпорација за медиуми и технологија.
На средбата се разговараше за можностите за соработка во дигиталниот сектор и дигиталните реформи кои треба да ги спроведе нашата држава со цел да се подобрат услугите кон граѓаните и поедноставување на нивниот живот, фокусирајќи се на дигиталната слобода и трансформација на македонското општество.
Исто така, беа разговарани повеќе можности за економска соработка во различни области во државата.
Извор: Влада