spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Продолжува градежната експанзија за подобрување на патната инфраструктура

Илинден: Продолжува градежната експанзија за подобрување на патната инфраструктура

Општина Илинден продолжува со градежната експанзија која се одвива со засилено темпо а со цел подобрување на патната инфраструктува во населените места, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта

Деновиве започна целосна реконструкција на улица „13“ во населба Илинден, во должина од околу 300 метри, каде со градежните работи покрај асфалтирањето ќе бидат опфатени и атмосферските води.

Градоначалникот Александар Георгиевски направи увид на почетокот од  изградбата на улицата и информираше дека работните активности се одвиваат со предвидената динамика, а оваа улица која ги поврзува улиците „19“ и „9“ и поминува покрај Домот на култура „Илинден“, е од огромно значење за жителите во овој дел на општина.

Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден. А со реализација на овој проект ќе се подобри патната инфраструктура на општина Илинден, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се овозможи квалитетни услови на жителите во реализирање на нивните секојдневни активности.  

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Кисела Вода: Ѓорѓиевски – Вандализмот е аларм, општокорисната работа може да...

0
Како ЗЕЛС, на последната седница на Управниот одбор, едногласно ја прифативме иницијативата на градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски и денес официјално ја доставуваме до...