spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Трипуновски - Работиме да имаме што повеќе задоволни лозари, Македонија повторно...

МЗШВ: Трипуновски – Работиме да имаме што повеќе задоволни лозари, Македонија повторно да биде препознатлив бренд по вино

„Ќе работиме да имаме што повеќе задоволни земјоделци. Нема да дозволиме како во минатото да секоја година по 500-600 земјоделци од Тиквешијата едноставно ги нема во Регистарот на земјоделски производители. Тоа е сериозен пад“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на утринската емисија на Сител телевизија.

„Ние мораме да ја враќаме Македонија и во квантитет и во квалитет. Ние сме познат бренд во светот за македонско вино. За жал со вакви количини на производство на грозје ние ќе имаме сериозна намалена количина која што ќе значи извоз, а од друга страна па и помал девизен прилив на државата“, заклучи министерот.

Трипуновски додаде со ваквата постигната цена за килограм винско грозје релативно е задоволен.

„Гледам по реакциите во текот на вчерашниот ден дека Здруженијата, Федерација на фармери излегуваа со поздрав за постигнато. Меѓутоа морам да потенцирам дека тука не застануваме“, нагласи тој.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...