spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваБитола: МОН ги враќа ингеренции на општината

Битола: МОН ги враќа ингеренции на општината

Министерството за образование и наука, заради непречено одвивање на воспитно образовниот процес и работите во областа на образованието како и успешно започнување на учебната 2024-2025 година, постапувајќи во рамките на своите надлежности, по барање на градоначалникот на општина Битола, а со цел да се овозможи непречено и законито вршење на работите од областа на средното и основното образование, ги укина Решенијата за одземање на вршење на работи од надлежност на Градоначалникот на општина Битола .

Tогашниот министер Јетон Шаќири ги одзеде надлежностите на Градоначалникот на Општина Битола, за именување и разрешување на директори на основното општинско училиште ,, Александар Турунџев,, с.Кукуречани, на средното општинско техничко училиште ,,Ѓорѓи Наумов,, Битола и на основното општинско училиште ,,Св.Климент Охридски,, Битола.

Ингеренциите на градоначалникот беа одземени од страна на поранешната централна власт само во делот на ангажирање на наставен кадар, именување и разрешување на вд директори, додека материјалните трошоци за гориво, превоз на ученици и друго за кои општината годишно само за основните училишта издвојува околу еден милион евра, не беа во интерес на поранешниот министер за образование и истите остануваат во надлежност на општината и во училиштата каде се одземаа ингеренциите.

Извор: Општина Битола

Прочитајте

Мицкоски дециден: Ако има желба од ЕУ да сме дел од...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, во врска со работната посета на Брисел, средбите со челниците од Европската...