Во однос на изјавата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, дека со Законот за употреба на јазиците „политиката создаде своевиден правен хаос, што резултираше со политички хаос, недоверба, дилеми“, Агенцијата за примена на јазикот на РСМ реагира на следниот начин:
Прво, оваа изјава претставува многу опасна авантура за Република Северна Македонија, бидејќи допира едно од најчувствителните прашања како што е јазикот на една етничка група, односно албанскиот јазик, прашање кое е решено со усвојувањето на Законот за употреба на јазиците во 2019 година, овој закон произлегува токму од Охридскиот договор со кој заврши конфликтот во оваа земја. Закон кој јасно и недвосмислено вели дека друг службен јазик освен македонскиот и неговото кирилско писмо е и албанскиот јазик и неговото писмо. Затоа, секој обид да се промени ова или да се намали ова основно право е веројатно опасен.
Второ, констатацијата на претседателот дека овој закон „произвел политички хаос, недоверба, дилеми“, сметаме дека е тенденција да се драматизира ситуацијата без никаква реална потреба. Иницијатива покрената, како што вели, „од граѓани, политички партии, разни здруженија“ не може да се разгледа, од причина што воопшто не им е повредено јазичното право. Ваквите иницијативи се главно политички, националистички и антихумани. Албанскиот јазик е на Албанците и не загрозува никого. Тенденцијата за исклучување на албанскиот од службена употреба е стара идеја која, како што знаеме, предизвика тензии и конфликти.
Трето, без оглед на ваквите тенденции, заложби и напнати изјави, Агенцијата за примена на јазикот ќе продолжи да ја извршува својата работа, како и досега, согласно Законот за употреба на јазиците, помагајќи им на државните институции во преводот и лекторирањето на разни документи, акти и писма кои ги исполнуваат барањата и потребите на граѓаните Албанци во Република Северна Македонија.
Извор: Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните