spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТ: Преку 500 илјади евра инвестиции во Желино за подобрување на локалните...

МТ: Преку 500 илјади евра инвестиции во Желино за подобрување на локалните улици

Заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири оствари  работна посета во Општина Желино, каде заедно со градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу, извршија увид во реконструкција на патниот правец Палатица – Озормиште.

Проектот се реализира преку министерството за транспорт и врски, односно преку проектот за поврзување на локални патишта во општинита, со вкупна вредност од  70 милиони евра.

До сега во Општина Желино реконструирани се две улици и тоа Копачин Дол и локалниот пат 2-А,кои заедно со Палатица – Озормиште се во вкупна вредност од 533 илјади евра.

За време на посетата, се разговараше за идните проекти со кои би ја подобриле  локалната инфраструктура во општина Желино.

Заменик министерката Зеколи Шаќири посебен акцент стави на средствата во висина од 100 милиони евра кои Владата ќе ги додели на Општините за подобрување на локалната инфраструктура.

 Инвестициите во инфраструктурата се од клучно значење за економскиот раст и развој на сите општини,  посебно ако тие директно се насочени кон обезбедување локален економски развој, вклучително и подбрување на условите за живеење на граѓаните , истакна заменик министерката Зеколи Шаќири.

“Овој проект е сведоштво за нашата посветеност за подобрување на патната инфраструктура во земјата, градејќи силни партнерства како што е со Светската банка, кои се од суштинско значење за развојот на модерната инфраструктура на сите нивоа”, изјави Зеколи Шаќири по средбата.

Извор: Министерство за Транспорт

Прочитајте