spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Прогласување на Палеонтолошки локалитет - Змијовец за природна реткост

МЖСПП: Прогласување на Палеонтолошки локалитет – Змијовец за природна реткост

Палеонтолошки локалитет – Змијовец со РЕШЕНИЕ донесено од министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и објавено во Службен Весник на Р.С.М. бр:189/2024 од 11.09.2024 е прогласено за природна реткост.

Палеонтолошкиот локалитет Змијовец се наоѓа на подрачјето на општина Неготино, а оваа категоризација ја има добиено заради уникатната фосилна фауна што се наоѓа во околината на селото Долни Дисан, Неготино. Дел од видовите кои се пронајдени на овој локалитет се уникатни и не се пронајдени на ниту еден од останатите палеонтолошки локалитети во нашата држава.

1

Фосилните фрагменти од локалитетот „Змијовец“ се пронајдени во жолто – кафеавите седиментни глинести и песочни слоеви и потекнуваат од доцен миоцен.

Во систематски поглед сите пронајдени видови, кои на локалитетот „Змијовец” засега се претставени со 6 редови, 13 фамилии и 19 таксони, припаѓаат на класата плацентални цицачи (Mammalia, Placentalia).

2

Спроведувањето на активности и дејствија во непосредна околина на Палеонтолошкиот локалитет – Змијовец, општина Неготино како што се изградба на пристапни патеки и уредување на места за одмор и релаксација, како и спроведување на други активности за уредување и користење на просторот на природната реткост, треба да обезбеди висок степен на заштита на биолошката и пределската разновидност во насока на обезбедување на соодветно управување со природната реткост.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте