Врз основа на Решение 20-794/2од 10.09.2024 , Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува
ЈАВЕН ПОВИК
За избор на 3 (тројца) еТвинери, за учество на семинар „Интегрирање на ЕУ вредностите во училницата (Integrating EU values into the classroom), од 07-09 ноември 2024 во Сараево, Босна и Херцеговина.
Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува јавен повик за избор на 3 (тројца) еТвинери, за учество на семинар „Интегрирање на ЕУ вредностите во училницата (Integrating EU values into the classroom), кој ќе се одржи од 07-09 ноември 2024 во Сараево, Босна и Херцеговина, кој ќе се одржи од 07-09 ноември 2024 во Сараево, Босна и Херцеговина.
Е-твинери се регистрирани наставници во еТвининг платформата чија што задача е да учествуваат во едукативни проекти, да споделуваат знаење и идеи, како и да ги вклучат своите ученици во различни проектни активности.
Критериуми за аплицирање
- · Лицето да има искуство во еТвининг платформата (минимум една ознака за квалитeт)
- · Лицето да има учествувано на еТвининг настан за професионален развој (сертифкат за учество)
- · Лицето да е вработено средно или средно стручно училиште;
- · Лицето да има познавање на англиски јазик;
Критериумите за учество ќе се проверуваат во еТвининг профилот на секој апликант.
*При изборот на учесниците ќе се земаат предвид следниве аспекти: историјата на учество на претходни еТвининг семинари, застапеноста по региони во Република Северна Македонија, како и постигнатата работа во рамките на еТвининг.
Начин на аплицирање
Краен рок за аплицирање на повикот е13.09.2024 годинадо 16.00 часотсо пријава на следниот линк:
https://forms.gle/2MzRNBMAuLPHAxvu5
Трошоци за учество
- агенција ќе ги покрие трошоците за патување и котизацијата за настанот.
- · Учесникот (индивидуално) треба сам да го покрие транспортот до аеродромот и назад, како и да си обезбеди патничко осигурување за договорениот период.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката избор на 3 (тројца) еТвинери, за учество на семинар „Интегрирање на ЕУ вредностите во училницата (Integrating EU values into the classroom), кој ќе се одржи од 07-09 ноември 2024 во Сараево, Босна и Херцеговина и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.
Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност