spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Јаневска се сретна со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

МОН: Јаневска се сретна со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

За продлабочување на соработката во областа на образованието и науката помеѓу Македонија и Романија преку нови заеднички иницијативи за поврзување на образовни установи, размена на ученици, студенти и наставно  – научен кадар, денеска разговараа министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и романската амбасадорка Адела Моника Аксинте.

Јаневска и Аксинте особено се осврнаа на можностите во иднина да се доделуваат стипендии за изучување на македонскиот и на романскиот јазик, литература, култура и цивилизација на Универзитетот во Букурешт, односно на Лекторатот за романски јазик при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Изразувајќи благодарност до амбасадорката за заложбите за понатамошен развој на добрите билатерални односи, министерката Јаневска укажа дека соработката со Романија е од национален интерес и очекува исполнување на одредбите од протоколот за соработка кој двете држави го потпишаа во 2023 година.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...