spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Се укинува целосната забрана за движење во шума и на шумско...

МЗШВ: Се укинува целосната забрана за движење во шума и на шумско земјиште

Почитувани,

По извршената процена за намален ризик за појава на шумски пожари на површините под шума и шумско земјиште од страна на ЈП „Национални шуми“ – Скопје и на нивно барање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе согласност за отповикување на целосната забрана за движење во шума и на шумско земјиште донесена на 15.07.2024 година со арх. број 49-6233/2, согласно со член 57 став (3) од Законот за шумите („Сл. Весник бр.64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15, 44/15, 147/15, 7/16, 39/16 и 274/22).

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте