spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Стекнување на вештини и знаења за одржлив развој

Карпош: Стекнување на вештини и знаења за одржлив развој

Претставник од Секторот за екологија и енергетска ефикасност од Општина Карпош, викендов учествуваше на тридневната работилница која се одржа во Кочани, во организација на  Здружението за заштита и унапредување на животната средина „Еко Логик“ од Скопје. Станува збор за интерактивна работилница за зазеленување и вмрежување на скопските општини и градот Кочани, која се одржа во рамки на проектот „Хаб  на истражувачи“, кој го спроведува „Еко Логик“ со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Македонија.

Оваа активност се спроведува согласно програмата за зелени вештини и одржливост на локалните самоуправи во земјава и во Европа, која инаку е изработена во рамки на Еразмус + проектот „Интергрин“ и досега е реализирана во повеќе општини во Франција, Италија, Португалија, Грција и Кипар.

                Учесниците на работилницата ги анализираа темите поврзани со одржливиот развој, вклучувајќи ги тука сите сектори и одделенија од локалните самоуправи во активностите за зелена транзиција и одржлив развој. Притоа, низ дискусија беа споделени неколку успешни зелени и одржливи практики на општините какви што се локалниот развој, образованието, меѓународната соработка, урбанизмот и слично. Со ваквиот пристап треба да  се поттикнат граѓаните, особено младите жители и останатите локални чинители на поинтензивна соработка и вклучување кон активностите кои ги спроведуваат институциите.

Во рамки на тридневната интерактивна работилница беа презентирани четири модули на стручен пристап кон темите. Во првиот модул за одржлив развој се говореше за унапредување на зелената транзиција на општините преку знаење и вештини, за навигирање низ предизвиците и пречките за добро владеење и одржлив развој, како и за локализирање на целите за одржлив развој. Во завршната фаза од првиот модул следуваше групна активност каде беа идентификувани клучните цели за одржлив развој, по што беа претставени и проектите на општините.

Во вториот модул се дебатираше за зелени вештини и компетенции, преку градење на одржливи и поотпорни заедници, додека пак во третиот модул беше разработена студијата на случајот Еурохотел Градче при што следуваше и активност за идентификување на предизвици и изнаоѓање на соодветни решенија. Четвртиот модул беше посветен на обука за обучувачи во чиј обем беше извршен трансфер на знаења и стручни вештини.

Покрај претставниците од Општина Карпош и Кочани, на работилницата активно учествуваа и административците од скопските општини Гази Баба, Ѓорче Петров, Аеродром, Сарај и Кисела Вода.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте