spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПрилеп: Шведски искуства за локално управување со отпад

Прилеп: Шведски искуства за локално управување со отпад

Во рамките на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво”, градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовески со претставници од општинската администрација, ЈКП Комуналец – Прилеп и со претставници и градоначалници од останатите општини од регионот, престојуваа во работна посета на Шведска во градовите Стокхолм и Јевле, каде што се стекнаа со конкретни сознанија и практични примери за подобрување на услугите на општините и комуналните претпријатија во секторот отпад, како и за начинот на примената и искористувањето на отпадот.
Делeгацијата ја посети фабриката за отпад Екогас, каде се обработува околу 27 000 тони отпад годишно и која произведува 28 GWh гас за возила, со што остварува над 5 милиони евра промет годишно. Фабриката, која што е во доминантна сопственост на општината, послужи како одличен пример како се третира органскиот отпад собран од општинските претпријатија.


Делегациајта го посети и собирниот центар на асоцијацијата Gästrike Återvinnare во градот Јевле каде се селектираат сите видови на отпад кои се создаваат во домаќинствата и комерцијалните објекти во шведските општини од овој регион, каде беше презентирано искуството со начинот на кој општините и комуналните претпријатија во Шведска соработуваат со големите маркети, како е организирано селектирањето во индивидуалните домаќинства и како тоа се прави во станбените објекти.

Во текот на престојот во Шведска општинската делегација, предводена од градоначалникот Јовечски, ја посети и постројката за рециклирање на метал Kuusakoski и се запознаа со процесот на рециклирање на металниот отпад од неговото примање, до неговото финално рециклирање за понатамошна употреба и продажба,
Пелагониската делегација при посетата на Шведска стекна и едно огромно применливо искуство за начините, важноста и потребата од заедничка меѓуопштинска соработка кога е во прашање управување со отпад, и како од третирањето на отпадот да се остварат поефикасни и повеќенаменски придобивки,: еколошки придобивки, пониски инвестициски трошоци , меѓусебно споделување на надлежностите и човечките ресурси, полесно оптимизација на рутите, ист надомест во сите општини, како да се прават заеднички набавки и слично.

Во текот на работната средба делегацијата имаше средба и со амабасадорот на Република Македонија во Шведска ,господинот Џенк Сејфула. На средбата во македонската амбасада во Стокхолм, беше разговарано за придобивките од проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво” и за конкретните активности, кои ќе бидат преземени кај нас како резултат од реализацијата на проектот. Амбасадорот им ја понуди целосната поддршка на градоначалниците учесници во делегацијата, за заеднички идни проектни соработки.

Инаку, општина Прилеп е една од шесте општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион, кои ќе работат на одржливо управување со отпадот, проект финансиран од СИДА (Шведската агенција за меѓународна развојна соработка), имплементиран од Шведската асоцијација на локални власти и региони (САЛАР) и нејзината подружница САЛАР Интернационал. Воедно, Општината се подготува и за проектот „Изградба на фабрика за рециклирање на отпад“ во вредност од 90.000.000 која треба да се реализира до крајот на оваа година, па оваа посета на Шведска веќе креираше збирни искуствени примери за систем и начинот на управување со отпад.

ПОГЛЕДНЕТЕ 👀👈

Извор: Општина Прилеп

Прочитајте

МЗШВ: Министерот Трипуновски во Црна Гора потпиша Протокол за соработка со...

0
Денеска во Црна Гора министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со Владимир Јоковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство потпишаа Протокол за...