Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски оствари средба со неколкумина ликовни уметници, кои беа дел од ликовниот настан ,,Мирисот на летото”, во рамки на Карпошовото културно лето. Првиот човек на Општината, им додели благодарници за нивниот придонес и учество на традиционалната манифестација и им напомена дека нивната работа не е занемарена, туку напротив овие уметнички дела се благодат за Општината кои ќе останат засекогаш запаметени.
Во знак на благодарност кон градоначалникот Стевчо Јакимовски и локалната самоуправа за досегашната одлична соработка и несебичната поддршка која се манифестира повеќе од една деценија, тие одлучија да ги подарат своите уметнички дела кои отсега ќе ги красат просториите на Општина Карпош.
Извор: Општина Карпош