spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Филков-Џанел : Холандија ги поддржува реформите во правосудството

МП: Филков-Џанел : Холандија ги поддржува реформите во правосудството

Министерот за правда Игор Филков вчера оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија во нашата земја Н.Е Узлем Џанел. Разговараа за можностите за продлабочување на  соработката ,за меѓусебната поддршка во клучните процеси, како и за активностите   кои ќе ги преземе Министерството за правда во наредниот период а се однесуваат на реформи во правосудството со цел да се зголеми довербата на граѓаните и да се изгради поцврст правен систем.

Министерот Филков и се заблагодари на амбасадорката за нивната посветеност за европската реформска агенда како и помошта која е дадена преку проектите кои се финансирани од Холандија, а се однесуваат на квалитетот и отчетноста на македонскиот правосуден систем, зајакнување на отчетноста, ефикасноста и транспрентноста на Судскиот совет, поддршка на Академијата на судии и јавни обвинители,владеење на правото.

Амбасадорката Џанел  му посака на министерот Филков успех во извршувањето на функцијата министер и порача дека Холандија и во иднина ќе реализира проекти во областа на правосудството давајќи поддршка на затворскиот систем, како и поголема примена на пробацијата во нашата земја.

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

МОН: Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

0
Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност: (Slovak National Mobility Programme). Повикот...